Терористички напад во Буркина Фасо (ВИДЕО)

од Milan1
327 прегледи

Најмалку 32 лица загинаа по терористички напад во западноафриканската држава Буркина Фасо, јави ДПА. Десетици жандарми се водат за исчезнати по нападот врз селото Ината, изјави портпарол на армијата.

Од вторник до четврток во земјата е прогласена национална жалост.

Поранешната француска колонија со своите 21 милион жители се наоѓа во Сахел – област која се протега јужно од Сахара од Атлантикот до Црвеното Море. Во овој регион се активни вооружени групи, од кои некои се заколнаа на верност на Исламската држава или Ал Каеда.

Буркина Фасо долго време беше поштедена од напади, но нивниот број значително се зголемува од 2015 година, пренесува ДПА.

Слични содржини