„Терористот ѝ испратил видео порака на жената пред нападот“: Дачиќ ги откри последните детали за Милош Жујовиќ

од Илинка Илиоска
214 прегледи

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека поминале критичните моменти кога имало страв од нов напад како оној во саботата пред Амбасадата на Израел и изјави дека при пристапувањето кон овој случај потребно е да се разделат две работи, едно од кои е самиот терористички акт, а вториот е постоењето на група која може да се дефинира како вахабистичка, односно верски екстремизам, во случајов исламски.

Тој, како што пренесе Танјуг, изјави дека ранетиот жандармер Милош Јевремовиќ е добро и дека физичката, психичката и психолошката подготвеност му помогнале да преживее и да го помине тоа што му се случило со што помалку последици.

Дачиќ изјави дека вчера црногорската полиција на барање на Србија ја интервјуирала сопругата на Милош Жујовиќ кој го рани жандарот, Беса Жујовиќ, родена во Беране и дека нејзината изјава потврдува дека се работи за терористички чин.

Таа во својата изјава стави крај на сите прашања, што, како… Исказот е даден во црногорската полиција, телефонот и е одземен, па ќе видиме дали се е точно, рече министерот.

– Таа вели дека била во Плав со синот, а околу 11:15 часот видела дека добила видео порака, која и била испратена околу 10:50 часот, видела дека Милош бил во градскиот автобус, дека пее на руски, и дека ѝ рекол дека тој автобус го носи до Џенет (Рај). Подоцна, пристигнале уште две видео пораки, во кои се споменува дека Израелците убиваат муслимани. Му се јавила, се возбудила, но тој не одговорил… Со ова се става крај на мотивите, а јасно е дека се работи за терористички чин – изјави министерот Дачиќ.

Слични содржини