Тешко повреден 61-годишник во сообраќајка

од Radmila Tasevska

Едно лице е тешко повредено во сообраќајка што се случила вчера.

На 27.12.2022 во 12.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на крстосница од автопатот со регионалниот пат Неготинска клучка – с.Неготино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со српски национални ознаки, управувано од Н.Х.(61) од гостиварски Добридол и патничко возило ,,опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.Н.(27) од гостиварско Горјане. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Х., констатирани во Општа болница „Ферид Мурат“ во Гостивар, информираа од МВР.

Увид извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.

Слични содржини