Американскиот претприемач Илон Маск потврди дека неговата компанија „Тесла“ потпишала долгорочен договор со компанијата „Самсунг електроникс“ за испорака на полупроводници во вредност од 16,5 милијарди долари.
Според податоците од поднесеното барање до регулаторите, договорот стапил на сила на 26 јули 2025 година и ќе трае до крајот на 2033 година, објави CNN.
Самсунг не ја именуваше договорната страна во документите, повикувајќи се на заштита на трговски тајни, но Маск го потврди партнерството во објава на X ( Твитер).