328
„Вчера околу 23.50 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода А.З.(25), С.Л.(24), Р.Л.(20) од Тетово и Р.Ј.(29) од тетовско Теново, затоа што кај нив биле пронајдени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.
Тие биле задржани во полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци“, информираат од МВР.