TikTok му се заканува на Instagram со нова услуга

од Vladimir Zorba
202 прегледи

TikTok планира да објави нова апликација за споделување фотографии за да биде конкурент на Instagram.

Во известувањето испратено до корисниците, TikTok вели дека се подготвува да објави нова апликација за споделување фотографии наречена TikTok Notes.

TikTok Notes ќе ги споделува постоечките и идните објави на TikTok со фотографии, а на корисниците ќе им биде понудена опција да се одјават од услугата.

TechCrunch забележа нов URL на photo.tiktok.com, кој накратко се појави на интернет за да ја отвори апликацијата TikTok Notes. Според она што беше видливо, корисниците ќе имаат можност и да креираат натписи (captions) за фотографиите.

TikTok вели дека истражува начини да ја поттикне заедницата на „тиктокери“ да создава и да ја споделува нивната креативност користејќи фотографии и текст во простор посветен на тие формати.

Слични содржини