Тим од бегалци ќе се натпреварува за време на Олимписките игри во 2016 година во Рио де Жанеиро, соопшти претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, цитиран од агенциите.

download (10)

За време на посетата во бегалски камп во близина на Атина тој прецизираше дека делегацијата може да вклучува “спортисти на високо ниво од околу пет до десет лица”.

Освен како натпреварувачи бегалците ќе имаат претставник и меѓу официјалната група која го носи Олимпискиот оган. Штафетата ќе помине и низ кампот Елеонас во индустрискиот кварт на Атина.

Во моментов Бах е на посета на Грција, каде што се состана со претставници на бегалската заедница.
Во разговор со нив, тој открил и еден од потенцијалните натпреварувачи за Олимпијадата.

Еден од нив е Иранец по име Фархад така, кој се претставил како шампион во стрелаштво.

Во моментов, во светот има 60 милиони бегалци, потсети Томас Бах и и честиташе Грција за добриот однос кон луѓето без дом.

Веста дојде во ист ден, кога Шведска најави дека ќе депортира 80 илјади емигранти.

Слични содржини