11
Осумнаесетгодишен Ирачанец е приведен во Виена во врска со истрагата за наводен заговор за напад на концертот на американската пејачка Тејлор Свифт во главниот град на Австрија, соопшти денеска австриското Министерство за внатрешни работи.
Министерството наведува дека приведениот Ирачанец потекнува од истиот круг како и главниот осомничен, 19-годишен Австриец со потекло од Северна Македонија.
Свифт вчера, денеска и утре требаше да пее на виенскиот стадион „Ернст Хапел“, но концертите се откажани.