Толку сакаше да избега, но не можеше: Трагедијата што го одбележа животот на Софија Вергара

од Milan1
1,9K прегледи

Софија Вергара се прослави со улогата во Модерно семејство, а со најновата улога во серијата Гризелда покажа друга страна од себе. Софија и Гризелда имаат некои сличности кога станува збор за животните приказни. И Софија доживеала трагедија, а подоцна сакала да побегне од насилството и дрогата во родната Колумбија.

Немирите во нејзината родна земја се главниот виновник за загубата на братот Рафаел. Тој беше убиен во 1998 година на улиците на Богота, на 28-годишна возраст.

Инаку, семејството Вергара важеше за едно од најпочитуваните во тоа време, а Рафаел секогаш одеше со телохранители освен денот кога беше убиен.

„Ние потекнуваме од успешно семејство и тој знаеше дека е мета на киднапирање“, рече еднаш Софија.

Актерката никогаш не се опорави од оваа загуба, а неодамна покажа тетоважа посветена на нејзиниот брат, неговите иницијали на нејзината рака.

Слични содржини