Најмалку 18 лица загинаа, меѓу кои и 4 деца, за време на невремето предизвикано од торнадото во четири сојузни држави во централниот дел на САД, а милиони луѓе сè уште се под закана од силно невреме.
-Во Тексас загинаа најмалку 7 лица, меѓу кои две деца на возраст од 2 и 5 години, кога силно торнадо ги зафати заедниците во северниот дел на државата во близина на границата со Оклахома во саботата вечерта – изјави шерифот на округот Кук Сапингтон.
🚨#BREAKING: A Confirmed large and extremely violent tornado is on the ground
The National Weather Service in Illinois has issued a PDS (Particularly Dangerous Situation) tornado warning due to a confirmed large and extremely violent tornado on the… pic.twitter.com/GMWnUICNtx
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) May 27, 2024
Многу луѓе се здобиле со различни повреди. Размерите на катастрофата станаа јасни синоќа додека официјалните лица ги приведуваа кон крај операциите за пребарување и за спасување.
Си-Ен-Ен објави дека околу 109 милиони луѓе низ пошироката област, во неделата се соочиле со силен град, разорни ветрови и торнадо пијавици во долините на реките Мисисипи, Охајо и Тенеси.
Американската телевизија наведува дека претседателот Џо Бајден е информиран за развојот на ситуацијата.
Ново предупредување за торнадо е издаден за делови од Арканзас, Илиноис, Кентаки, Мисури и Тенеси, во област во која живеат 4,7 милиони луѓе.
Си-Ен-Ен објаснува дека ова е специјално предупредување издадено само кога постои невообичаено голема можност за повеќекратни удари на торнада со голема јачина.
Се вели дека предупредувањето исто така значи дека областа би можела да биде погодена од суперклеточни бури со град со големина на бејзбол топче и ветрови со брзина од 120 километри на час.
Откако направија хаос во централните држави, бурите се префрлија во источните делови и се очекуваше да се спојат во поголем комплекс на олуи со грмотевици, што се заканува да донесе поопасно време во делови од Охајо, Кентаки, Мисури и Тенеси. Националната метеоролошка служба предупреди на разорни ветрови, голем град и повеќе торнада во погодените области.
Во меѓувреме, САД се подготвуваат за она што владините прогнозери го нарекуваат потенцијално „вонредна“ сезона на урагани во Атлантикот која започнува на 1 јуни.