34
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска ги повика возачите да ги сменат дозволите и да извадат нови, со новото уставно име.
„Граѓаните да го искористат претстојниот период за да ги сменат возачките дозволи со новото уставно име согласно Законот за безбедност во сообраќајот. Да го искористат претстојниот период и што побрзо да ја обноват својата возачка дозвола, бидејќи старите возачки дозволи според Законот ќе важат заклучно со 31 декември годинава“, изјави Тошковски.