Тотенхем со неуспешен обид да го привлече Рашфорд

од Vladimir Zorba

Тотенхем се обидел да го привлече напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд. 24-годишниот фудбалер одигра прилично просечна сезона и го загуби стартното место на „Олд Трафорд“. Тој забележа 32 натпревари во сите натпреварувања, но во Премиер лигата беше стартер на само 13 натпревари и постигна скромни 5 гола и 2 асистенции. Затоа се повеќе се зборува дека ќе биде продаден. Тотенхем се обиде да ја искористи ситуацијата, но безуспешно, вели агентот Роберто Де Фанти.

„Се чини дека имаше разговори помеѓу претставниците на играчот и шефовите на Тотенхем. Лондончани се обидоа да постигнат договор за Рашфорд, но во моментов тоа се покажа невозможно, така што овој трансфер повеќе не е опција“, изјави Де Фанти за „Caught Offside“.

Интерес за англиската репрезентација има и од клубови од Шпанија и Италија, но агентот смета дека поверојатно е да остане на „Олд Трафорд“ поради неговата висока цена.

„Сите големи клубови во Шпанија и Италија прашуваа за можноста да го земат Рашфорд и дали тој ќе го напушти Јунајтед на лето. Тие сметаа дека цена од 50 до 60 милиони евра е фер за овој играч. Сепак, испаѓа дека напаѓачот чини многу повеќе – меѓу 80 и 90 милиони евра. Од Јунајтед веруваат дека никој нема да плати толкава сума, особено по слабата сезона која ја одигра, па се свесни дека Рашфорд останува. Всушност, токму тоа го сакаат, бидејќи доколку го продадат ќе мора да бараат замена, а во моментов клубот има други приоритети на трансфер пазарот“, додаде агентот.

Слични содржини