Војната меѓу Украина и Русија, која трае речиси една година, однесе многу животи, а меѓу жртвите е и спортистот Андреј Димитриев.
Трагичната вест ја соопшти Федерацијата „Strongmen“ во Украина, во која членуваше Димитриев.
„Убиен во одбрана на татковината“. Повеќекратен шампион на Украина, гигант на спортот на силните луѓе, претседател на Федерацијата „Strongmen“ на Украина. Секогаш насмеан и искрен Андреј. Нашето силно семејство претрпе непоправлива загуба. Андреј беше убиен во близина на Бахмут. Ќе те паметиме пријателе! На натпреварот ќе биде подигнато знаме во твоја чест. Сочувствуваме и жалиме заедно со роднините и семејството. Ти благодариме, почивај во мир ангелу. Слава на херојот“, се вели во пораката на Сојузот „Strongmen“ на Украина.
Бахмут, градот во кој беше убиен Андреј, се наоѓа во областа Доњецк, на 89 километри од градот Доњецк.
Не се знае кога починал Димитријев, тој прекинал секаков контакт со сите на 31 декември.