ТРАГЕДИЈА НА ПРОСЛАВАТА ЗА ДЕНОТ НА БАСТИЛЈА: Од експлозија на огномет загинаа брат и сестра

од Nikola Popovski
201 прегледи

Седумгодишно момче и неговата постара сестра загинале за време на огномет по повод националниот Ден на Бастилја во Франција во западниот град Шоле.

„Ракетата експлодирала среде група луѓе“, рече градоначалникот Жил Бурдул и изјави дека жртвите биле заедно со другите членови на семејството на 50 метри од местото каде што бил испален огнометот.

Од силината на експлозијата се запалила и тревата во околината.

Момчето веднаш починало, а неговата 24-годишна сестра подоцна починала од срцев удар, јавија француските медиуми. Повредени се уште седум лица.

Локалните обвинители започнаа истрага за убиство од небрежност.

Шоле го организираше својот прв огномет на Денот на Бастилја по три години поради пандемијата на Ковид-19.

„Почна како навистина убав огномет, а потоа одеднаш ракета дојде кон нас… и експлодираше во толпата, предизвикувајќи голема штета“, изјави еден очевидец за локалната BFMTV.

„Сите скокнаа и врескаа и почнаа да го гасат пламенот со своите нозе или што и да имавме во рацете“, додал очевидецот.

Првата индикација за тоа што тргна наопаку дојде од јавниот обвинител Ерик Бујар, кој за „Le Parisien“ изјавил дека, според првичните извештаи, еден од блоковите на огномет е скршен. Ова предизвикало експлозија на една од сандуците, покренувајќи веднаш испалување на дел од ракетите.

Слични содржини