534
Двајца воени пилоти загинаа во авионска несреќа за време на обука во централна Турција, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.
Авионот се урнал од засега непознати причини по полетувањето од воената база Кајсери.
На местото на настанот се испратени пожарникари и спасувачи.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изрази сочувство до семејствата на жртвите.