Она што е многу важно, е што денеска на дневен ред на собранието имаме точка, предлог за давање согласност за финансиски план за веќе изминатата буџетска 2024 година, финансиски план за веќе завршена работа, истакна од собраниската говорница пратеникот на СДСМ Митко Трајчулевски, при расправата за точката финансиски план за изменување на финансискиот план на јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2024 година, со дополнување и пренамена на средства.
Трајчулевски додаде дека според облазложението со пренамена на средства, односно со вонсудска спогодба меѓу МРТВ и Министерството за дигитална трансформација, Владата односно Собранието има обезбедено 80 милиони денари за МРТВ на собраниската седница на 15 декември.
Должност било на МРТВ веднаш и без одлагање овие средства да ги предвиди во својот финансиски план и веднаш итно да го достави до собранието со цел да ја добие потребната согласност. Само на овој начин финаисксиот план можел да стане и да биде правно владиен, но материјалот е доставен до собранието на 03.01 по завршување на буџетската година, рече Трајчулевски, додавајќи дека сега пратениците треба да дадат согласност за план кој е веќе завршена работа, а ретроактивно, ниту смеат, ниту е законски е возможно тоа да се направи.
Трајчулевски истакна дека може да се планира иднината, не може да се планира минатото, а според законот собранието го одобрува финансискиот план најдоцна до 31.12 во тековната година и тоа финансиски план за следната година,
Вака донесена одлука за давање согласност на финансики план за веќе измината година значи прекршување на законот и овој начин се дава согласност за нешто што не е во согласност со закон и пропис. Оттука самата одлука би била спорна, а доколку биде оспорена, истата може да предизвика дополнителни негативни последици, нагласи пратеникот на СДСМ Митко Трајчулевски.