Трамп: Ако Кина не ги укине одмаздничките царини, ќе се соочи со царини од 50 проценти

од Milan1
87 прегледи

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека Кина усвоила одмазднички тарифи од 34 отсто и дека доколку не бидат укинати до утре, ќе се соочат со дополнителни царини од 50 отсто.

Како што истакна, доколку до утре, 8 април 2025 година, Кина не го повлече зголемувањето од 34 отсто во однос на веќе долгорочните трговски злоупотреби, Соединетите Американски Држави ќе воведат дополнителни царини од 50 отсто за Кина, кои ќе стапат на сила на 9 април.

„Покрај тоа, ќе бидат прекинати сите разговори со Кина што тие ги побараа со нас. Преговорите со другите земји, кои исто така побараа средби, ќе започнат веднаш“, рече Трамп, пренесе Танјуг.

Трамп воведе дополнителни царини од 34 отсто за кинески стоки како дел од високите царини за повеќето трговски партнери на Америка, со што вкупните царини за Кина оваа година достигнаа 54 отсто. Тој, исто така, ја затвори трговската дупка што дозволи пакетите со ниска вредност од Кина да влезат во САД без царина. Ова ја поттикна Кина да возврати во петокот, вклучително и дополнителни царини од 34 отсто за сите американски стоки и ограничувања на извозот на некои „ретки минерали, со што ескалира трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот.

Слични содржини