Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

од Илинка Илиоска
147 прегледи

Џо Бајден и Доналд Трамп се договорија да се соочот на телевизиска претседателска дебата на 27 јуни, која ќе се емитува на Си-Ен-Ен. Мрежата го објави настанот во вторник и рече дека ќе се одржи во клучната држава Џорџија, но публика нема да присуствува.

Трамп на својата социјална мрежа напиша дека е подготвен да дебатира со Бајден, истакнувајќи дека ќе биде неопходно да се одржат повеќе од двете предложени дебати.

Бајден ја прекрши традицијата и предложи две телевизиски дебати во јуни и септември. Неговиот ривал брзо прифати и предложи да дебатираат секој месец.

Слични содржини