Инвазијата на Ирак во 2003 година ја дестабилизира ситуацијата на Блискиот Исток и доведе до појава на групата доналд

Кандидатот за претседател на САД на републиканците Доналд Трамп изјави дека американските власти се виновни за појавата на терористичката група “Исламска држава”. Според него, инвазијата на Ирак во 2003 година целосно ја  дестабилизира ситуацијата на Блискиот Исток, што доведе и до појава на ИД, пренесува  СNN.
“Токму со војната во Ирак започна дестабилизација на Блискиот Исток”, изјави милијардерот на средба со избирачи во државата Јужна Каролина.

Тој додаде дека тоа е најлошото решение “што некогаш го земала владата на некоја земја”, што доведе “до појава на ИД”, како и до вооружените конфликти во Либија и Сирија.

Трамп за тоа го  обвини 43-тиот претседател на САД Џорџ Буш помладиот, кој беше на чело на државата од 2001 до 2009 година. Токму тој го направил тоа “катастрофално решение”, изјави Трамп.

“И до сега никој не знае зошто била инвазијата на Ирак”, кажал тој. И додаде дека нападите од 11 септември 2001 година воопшто не се извршени од Ирачаните и никакво “оружје за масовно уништување (таму) не било пронајдено

Слични содржини