Транспаренси: Работењето на Агенцијата за филм останува под лупата за интегритетот и законитоста

од Nikola Popovski
165 прегледи

Транспаренси Интернешнл Македонија изминатиот период по спроведениот Мониторинг на постапката за избор на филмски проекти во рамки на Конкурсот за финансирање на проекти за 2022 година во Агенцијата за филм за истиот изработи Анализа со укажувања за затекнатата состојба во моментот на извршувањето на мониторингот.

Како потврда на искажаните наводи во Анализата на Транспаренси се покажа и неодамна објавениот Извештај за извршена ревизија на Агенцијата за филм од страна на Државниот завод за ревизија кој е со неповолна содржина, односно:

„Со извршената ревизија изразивме неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики“ – стои во конечениот извештај на овластениот државен ревизор

Укажувањата од страна на Транспаренси во однос на конкурсите за филмските проекти кои се објавуваат од страна на Агенцијата за филм како и препораки за истите со идентична содржина се утврдени во извештајот на ДЗР:

„при објавувањето на конкурси за филмски проекти и други филмски проекти Агенцијата не се придржува на задолжителните услови и критериуми од ЗФД, ниту пак има донесено интерен акт-процедура со утврдени активности и чекори кои се преземаат при спроведување на постапката по конкурсот“

„не е утврден начинот на распределба на проектите по рецензенти“

„напуштена е праксата на кодирање на предметите, со што лицата кои учествувале во процесот на евалуација на проектите би немале информација за кој проект се работи се до конечната одлука за избор. На овој начин значително би се намалило влијанието на субјективниот фактор во процесот на одлучување“

„… во базата има нереализирани проекти и од 2009 година, за кои Агенцијата нема информација зошто истите не се затворени“

Од страна на Министерството за Култура – Сектор за управен и инспекциски надзор извршен е вонреден инспекциски надзор во Агенцијата за филм, по однос на Анализата спроведена од страна на ТИ-М во кој од содржината на Извештајот се констатирани одредени забелешки од страна на службените лица.

Агенцијата за филм од повеќе релевантни институции доби негативно мислење во однос на своето постапување, а следствено на тоа пријавителот кој прв укажа на таквите постапувања доби кривична пријава и прекин на постапка за реализирање на филмски проекти. Ваквата фактичка состојба се коси со начелото за еднаквост од член 5 став 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси кој гласи:

„Секој има право да спречи или пријави корупција или извршување, односно пропуштање на дејствие што претставува искористување на функцијата, јавните овластувања, службената должност или положба за да се нанесе штета на друг, без да трпи било какви последици“.

На 16.05.2023 година од страна на Агенцијата за филм во брифинг со новинарите беше дадена информација дека е поднесена кривична пријава против Банана продукција за кривично дело „Употреба на исправа со невистинита содржина“ од член 380 од Кривичниот Законик, повикувајќи се на записник на извршен инспекциски надзор на Министерството за култура.

Записникот на Министерството за култура кој е наведен во соопштението на Агенцијата за филм нема наводи за незаконско користење на средства од страна на Банана Продукција, односно:

„Имајќи предвид дека врз основа на утврдената фактичка состојба при вонредниот инспекциски надзор во Банана Филм не е утврдено ненаменско или спротивно на договорот користење на средствата добиени од Агенцијата за филм од аспект на примена на член 39 од Законот за филмска дејност, инспекторот ја запира постапката.“

Транспаренси Интернешнл Македонија сака да ја потенцира информацијата во однос на наводите на Агенцијата, а во врска со вистинитоста на Изјавите доставени од страна на продуцентот, кој наводно ја ставил во заблуда Агенцијата, и поради тоа Управниот Одбор донел одлука, а Директорот на Агенцијата донел Решение, со кое се прекинува натамошното финансирање и постапување по проектите „Кајмак“ и „Биста“ поради потреба од решавање на претхoдно прашање.

Единствено одговорен орган кој треба да води евиденција по службена должност за статусот на секој флмски проект поддржан од Агенцијата за филм, и притоа да презема дејствија на справување со нерегуларности, е самата Агенција за филм!! Од овие причини самиот законодавец предвидел одредба во Законот за филмска дејност во која доколку филмскиот продуцент не ги врати средствата добиени од Агенцијата, нема право да учествува на конкурс на Агенцијата во следните десет години, сметано од денот кога со акт на Агенцијата е констатирано дека не ги вратил средствата. Агенцијата против него ќе поднесе тужба до надлежниот суд согласно член 34 став 5 од Законот за филмска дејност.

Слични содржини