(Фото) Трансродовиот син на Шер се ожени со долгогодишната партнерка

од Весна Трајкова
17 прегледи Фото: Принтскрин/Инстаграм

Чез Боно (57), син на пејачката Шер и покојниот Сони Боно, се венча со својата долгогодишна партнерка Шара Блу Матис. Двојката, која се познава уште од тинејџерските денови, го изговорија судбоносното „да“ на 8 март, на свеченост во стилот на стариот Холивуд, одржана во хотелот „Холивуд Рузвелт“ во Лос Анџелес, пишува „Пипл“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chaz Bono (@therealchazbono)

„Сара првпат ја запознав Сара пред повеќе од 40 години, кога бевме само тинејџери. Верувам дека ретко кој младоженец се жени со првата девојка што ја бакнал, и тоа по толку многу години“, изјавил Чез за медиумите.

„Таа ме прави комплетен, затоа што знам дека секогаш ќе ја имам покрај мене како партнерка, најдобра пријателка и љубовта на мојот живот. Што и да ни донесе животот, заедно секогаш ќе бидеме побезбедни и посилни… и конечно сме дома“, додал тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chaz Bono (@therealchazbono)

Чез е син на Шер и нејзиниот поранешен сопруг Сони Боно, со кого го основа познатото поп дуо Сони и Шер во 1964 година. Пејачката има и уште еден син, Елајџа, кого го доби во 1976 година во брак со музичарот Грег Алман. И Сони Боно и Грег Алман починаа.

„И двајцата се многу талентирани и уметнички настроени. Тие се возрасни луѓе. И се толку различни“, рекла Шер за своите синови во интервју за „Венити фер“ во 2010 година.

Чез е роден како девојче по име Честити Боно, а подоцна ја поминал транзицијата и го променил полот.

Пораснал во Њујорк, каде што учел во престижното средно училиште „Ла Гвардија“. Во историјата влегол во 2011 година како прв трансродов натпреварувач во популарното шоу „Танцување со ѕвездите“. Истата година, документарниот филм за неговата транзиција, „Да се стане Чез“ (Becoming Chaz), премиерно бил прикажан на филмскиот фестивал Санденс.

Неговата мајка Шер отсекогаш му била голема поддршка, а своеврмено коментирала и за трансфобните напади насочени кон него.

„Чез е толку среќен, неверојатно среќен и не знам што во што е проблемот на овие луѓе. Тие се исплашени и едноставно не разбираат како да се справат со тоа“, рекла пејачката.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shara Blue Mathes (@sharablue)