Трас: Голема е веројатноста Путин да го нападне и градот Киев

од Milan1

Постои голема веројатност рускиот претседател Владимир Путин да нареди извршување целосна инвазија врз Украина и да го нападне Киев, изјави денеска британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.

– Сметаме дека е многу веројатно оти тој ќе го исполни својот план за целосна инвазија врз Украина, изјави Трас за „Скај њуз“.

На прашањето дали рускиот лидер ќе тргне кон главниот град Киев, таа изрази уверување дека е „многу веројатно тоа да е во неговите планови”.

Откако Путин истакна дека испраќа војници, „се уште немаме целосни докази дека тоа се случило”, нагласи Трус, нарекувајќи ја моменталната ситуација „нејасна”.

Слични содржини