Трас: Загрижена сум поради засилената руска агресија

од Milan1

Шефицата на британската дипломатија Лиз Трас денеска изјави дека е многу загрижена поради наводната засилена руска агресија и испраќањето на повеќе од 7.000 војници во близина на границата со Украина и нападот на проруските сили врз градинка во Украина.

Трас на Твитер објави дека извештаите за „абнормална” активност на Украина во Донбас се „обид на руската Влада да измисли изговор за инвазија”. Таа ја повика Русија да ги повлече своите војници.

Британската министерка за надворешни работи посочи дека ќе продолжат да обрнуваат внимание на руските кампањи за „дезинформации”.

Слични содржини