И минатата година е намален бројот на разводи во Германија. Во 2023 година легално биле разведени 129.000 бракови, што е за 6,1 отсто или 8.300 разводи помалку од претходната година, објави во четвртокот Сојузниот завод за статистика, а пренесува Германската новинска агенција (dpa).
Со исклучок на неколку години, бројот на разводи е континуирано помал од 2003 година, велат од Институтот. Во 2023 година, бројот на разводи достигна најниско процентуално ниво од обединувањето на Германија во 1990 година и второ најниско ниво од 1950 година. Ниту пандемијата не влијаеше на таквиот развој на настаните, велат статистичарите. Но, и минатата година имало помалку бракови отколку во 2022. Според официјалните податоци, во 2023 година имало 360.000 венчавања, а претходната година 390.000.
Во 2021 година, поради пандемијата, бројот на бракови падна на најниско ниво од околу 357.000.