37
Кинескиот трговски суфицит би можел да достигне речиси билион долари оваа година, доколку нејзиниот раст продолжи со сегашното темпо, пренесува Блумберг, повикувајќи се на сопствените пресметки.
Трговскиот суфицит на Кина со остатокот од светот се искачи на 785 милијарди долари во првите 10 месеци од 2024 година, што е зголемување од речиси 16 отсто во споредба со истиот период минатата година.
Кинескиот суфицит во трговската размена со Соединетите Американски Држави порасна за 4,4 отсто на годишно ниво, а со Европската унија за 9,6 отсто.