Три лица од кои двајца полицајци се убиени во Квинсленд

од Radmila Tasevska
142 прегледи

Двајца полицајци и еден маж се убиени во пукање во Квинсленд, во Австралија.

На имотот имало четворица полицајци за време на пукањето кои реагирале на пријава за исчезнато лице во Виамбила, јавува Би-Би-Си.

Полицијата сè уште не соопштува детали за тоа како дошло до пукањето, на прес-конференцијата изјавија дека сторителите се во бегство, а локалните жители се советувани да останат во своите домови „до ново известување“.

Катарина Керол, портпаролка на полицијата во Квинсленд, изјави дека е во тек голема полициска потрага во која се вклучени специјалните и воздухопловните сили. Таа додаде дека ова е најголемата загуба на животи во инциденти што се забележани во оваа земја во последно време и им оддаде почит на полицајците кои „ја поднесоа крајната жртва за нашата заедница да ја зачуваат безбедна“.

Министерот за полиција на Квинсленд, Марк Рајан, го опиша инцидентот како „трауматичен и катастрофален настан за заедницата“.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе изјави дека ова е „срцепарателен ден за семејствата и пријателите“ на полицајците од Квинсленд кои ги загубија животите додека ја извршуваа својата должност.

Слични содржини