Триесет години од смртта на Тома Здравковиќ

од VIktor_P
528 прегледи

Се навршуваат 30 години од смртта на српскиот музичар Тома Здравковиќ. Тој создаваше мелодии и текстови повеќе од 30 години, а неговите песни не престанаа да се слушаат по неговата смрт.

Има издадено 11 албуми, а неодамна филмот на Тома за неговиот живот и кариера започна да се прикажува во кино салите низ Србија.

Здравковиќ почина на 53 -годишна возраст, на 30 септември 1991 година, по долга борба со ракот на простатата.

Многумина го паметат по реченицата: „Песните не се напишани од среќни луѓе“.