Тринаесет загинати во пожар во кафуле во Русија

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Тринаесет лица загинаа во пожар што избувна во кафуле во Русија во градот Кострома, на околу 300 километри од Москва, соопштија денеска локалните власти.

„Според првите информации, во пожарот има 13 жртви“, изјави регионалниот гувернер Сергеј Ситников преку социјалната мрежа Телеграм.

Тој додаде дека пет лица се повредени.

Пожарот избувнал синоќа во кафулето Полигон и бил изгаснат рано утринава, изјави гувернерот.

Според итните служби, пожарот се проширил на површина од 3.500 метри квадратни.

Агенцијата Риа-Новости јавува, повикувајќи се на полициски извор, дека 250 лица биле евакуирани од зградата каде што избувнал пожарот.