Додека ручала со своите родители во ресторан на Халкидики, тринаесетмесечно бебе од Србија се задавило со храна. Брза помош го пренела детето во болница, каде што починало. Причината за смртта ќе се утврди со обдукција.
Вчера попладне, брза помош пренела тринаесетмесечно бебе од Србија во болница, кое се задавило со храна за време на ручек со својот 39-годишен татко и 32-годишна мајка во ресторан во градот Ормос Панагиас на Халкидики, јавува грчкиот јавен сервис ЕРТ.
Според извештаите, детето прво било префрлено во здравствениот центар во Агиос Николаос, а потоа во болницата во Полигирос.
Бебето починало во текот на ноќта, а причината за смртта ќе се утврди со обдукција.