Дејан Кокотовиќ од Цетиње почина денеска во Клиничкиот центар во Подгорица од последиците на тешките повреди здобиени при масовното убиство на 1 јануари.
Тој е 13-та жртва на злосторството во кое Ацо Мартиновиќ исто така од Цетиње уби и две деца. Три лица се ранети и се уште се во Клиничкиот центар на Црна Гора.
Мартиновиќ потоа се самоуби. Полицијата соопшти дека тој ги убил сите свои жртви во рок од половина час. Сепак, тој поминал цели шест часа шетајќи низ Цетиње, гратче со помалку од петнаесет илјади жители, вооружен, пред да се самоубие во дворот на неговата семејна куќа.
Никој не поднесе оставка поради тоа кривично дело, а министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ вели дека не чувствува ниту морална одговорност. Тој рече дека полицијата направила се што е во нивна моќ.
Кокотовиќ бил ранет во стомакот, градниот кош и главата во нападот на Мартиновиќ врз сограѓаните, поради што истата вечер бил опериран во Клиничкиот центар.