Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска го посети село Муртино и изврши увид на откупот на црвената пиперка.
Пред неколку дена беше постигнат договор за откупната цена на црвената пиперка, прва класа – 40 денари за килограм, прва/втора класа – 30 денари за килограм, втора класа – 20 денари за килограм, трета класа – 12 денари за килограм.
Од страна на министерот беше ветено дека Државниот инспекторат за земјоделство ќе биде постојано на терен и ќе се грижи за да се запази динамиката и откупните цени на црвената пиперка. Затоа денеска министерот дојде во село Муртино за да изврши увид дали се почитува договорот за откупот на црвената пиперка.
– Градинарите се задоволни од одлуката на министерот за однапред договорената откупна цена на црвената пиперка, соопшти МЗШВ.
„Земјоделците се во сигурни раце, Министерството се грижи и го вреднува нивниот труд“, истакна Трипуновски.