Трипуновски: Загрозени се над 20.000 семејства кои извезуваа земјоделски производи во Украина и Русија

од Milan1
267 прегледи

Оваа новонастаната ситуација во светот дополнително ќе ја влоши ситуацијата во Македонија и македонскиот аграр. Македонија околу 20 милиони евра има извоз на земјоделски производи во Русија и Украина. Тие 20 милиони евра опфаќаат голем број на земјоделски семејства во Македонија кои егзистираат од земјоделство, изјави Цветан Трипуновски претседател на Комисија за земјоделство шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ за „Тема на денот“ во Дневникот на Сител.

Трипуновски вели дека се работи за сериозни количини како на пример во преспанскиот регион има 150 до 180 милиони килограми јаболка кои се произведуваат и ако не е рускиот пазар може да остане непродадено.

– Сега на прагот е пролетната зелка во југоистокот, која традиционално се извезува во овие земји, за десетина земја ќе има наплив на колични и ако се стопирани во Русија и Украина ќе има серозен проблем, некои 20.000 семејства може да останат без приход, рече Трипуновски.

Слични содржини