Трогателни сцени: Во Л’вов 109 колички за 109 убиени деца

од Nikola Popovski
202 прегледи

Во центарот на украинскиот град Л’вов, на западот на земјата, беа поставени детски колички, јавува Киев Индипендент.

Инвалидските колички го претставуваат бројот на убиени и повредени деца од почетокот на војната на 24 февруари.

Според Канцеларијата на главниот обвинител во Украина, од почетокот на руската агресија врз Украина се убиени 109 деца, а повеќе од 130 се ранети.

Русија продолжува да негира дека напаѓа цивили и цивилна инфраструктура, иако голем број невоени објекти се оштетени низ целата земја.

Фото: Twitter/Asami Terajima