Трогателно писмо од Адел до обожавателите

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Британската пејачка Адел се обрати директно кон фановите во отворено писмо. Искрено напишаното писмо таа го објави на социјалната мрежа.4465886

“Претходниот мојот албум беше албум на разделбата и ако треба да го дефинирам оној кој претстои да излезе, ќе кажам дека е албум на помирувањето. Помирување со мене самата. Со изгубеното време, со сето она што го направив и што не го направив”, објаснува 27 годишната пејачка.

Претходниот албум “21” на Адел излезе во 2011 година непосредно пред врската со сегашниот нејзин партнер Симон Конеки. Албумот, кој се очекува да излезе е “25”  и би требало да е инспириран од нивната љубов. Во своето писмо до своите фанови младата ѕвезда вели дека во текот на целиот свој живот сакала да биде нешто што не е. “Кога имав 7, сакав да имам 8 години. Кога имав 8, сакав да имам 12. Кога имав 12, сакав да наполнам 18. Потоа јас престанав да сакам да сум поголема … Секогаш сум сакала да сум поголема, да сум нешто друго, сум сакала да се сеќавам и да заборавам “, пишува ѕвездата.

“Ми недостига сè што е поврзано со минатото – доброто и лошото, но само поради тоа што нема да се врати. Кога бев во него сакав да излезам! Толку типично “, изјави уште Адел. “Но, не сум имала време да се држам за сегменти од минатото, како што правев порано. Што било, било.

Полнењето на 25 години беше пресвртница за мене, шамарот во средината на 20-тите години ми … 25-годишнината е за разбирање во кого сум се претворила, без да сфаќам. И жалам што ми требаше толку многу време, но знаете, се случува “, рече пејачката во искреното писмо.