Тројца Македонци во следната фаза на Икс фактор

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Во вчерашната епизода на Икс фактор имавме можност да ја  проследиме првата половина од настапите на натпрeварувачите во буткемпот. Во оваа фаза тие веќе се поделени во четирите групи  на судиите и се борат да бидат дел од шестмината избраници на секој ментор.0 (3)

Тешката задача да ги избере најдобрите млади момчиња ѝ бешедоделена на Александра која навистина доби главоболка определувајќи ги своите натпреварувачи и мораше да направи неколку измени на веќе доделени столчиња. 0 (1)Сепак во групата на топ 6 влегоа двајцата Македонци кои според возраста се натпреваруваа во тој состав. Охриѓанецот Боби Мојсовски повторно воодушеви со настапот и без сомнеж доби столче од Александра, додека Давид Темелков беше првиот натпреварувач кој со изведбата на песна од Тоше, успеа да ја доведе Александра до солзи.595281_x-faktor-david-temelkov-2-foto-promo_f

Во групата пак на Масимо, која ги собра натпреварувачите над 27 години, едноставно немаше доволно столчиња за да ги собере неверојатните вокали кои се претставија вечерта. Повеќемината беа веќе оформени професионални пејачи кои само по игра на среќа не станале веќе музички ѕвезди. Ведриот Алмир Исмаили од Скопје ги освои четворицата судии со изведбата на песна од Џастин Тимберлејк и заслужено и без двоумење Масимо му ослободи столче за да влезе во неговите топ 6 избраници.0 (2)