Тројца шпански туристи убиени во Авганистан, повредени се државјани на Норвешка, Австралија и Литванија

од Илинка Илиоска
394 прегледи

Во централниот Авганистан, во градот Бамијан, тројца шпански туристи беа убиени од вооружени напаѓачи. Според авганистанските власти, убиен е и еден Авганистанец, а други четири странци и тројца Авганистанци се повредени.

Иако ниту една група не презеде одговорност за нападот. Авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека се уапсени четири лица.

Талибанската влада го осуди нападот и изрази сочувство до семејствата на жртвите. Истовремено, ветува дека сите криминалци ќе бидат најдени и казнети.

Премиерот Педро Санчез изјави дека е шокиран од убиството на шпанските туристи и додаде дека ја следи ситуацијата.

Во Кабул портпаролот на Министерството за внатрешни работи соопшти дека се уапсени четворица осомничени.

Болнички извори соопштија дека четворицата повредени се државјани на Норвешка, Австралија, Литванија и Шпанија.

Во Бамијан се наоѓаат остатоците од две огромни статуи на Буда, кои беа срушени со експлозив од страна на Талибанците во 2001 година. Откако се вратија на власт во 2021 година, Талибанците се обврзаа да ја вратат безбедноста во земјата и охрабруваат туристи да ја посетуваат

Слични содржини