Тројца скопјани истепале син и мајка, користеле и метални предмети и ножеви

од Milan1
425 прегледи

На 29 и 30 мај, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Т.Б.(50), Д.Б.(21) и Е.Б.(34), тројцата од Скопје, извести МВР.

„Тие се сомничат дека на 29.05.2024 околу 10.15 часот, по претходна расправија, физички ги нападнале М.М.(39) и неговата мајка Д.М.(56), двајцата од с.Инџиково, скопско, во дворот од нивната семејна куќа, при што употребиле метални и остри предмети, а потоа оштетиле и товарно возило“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Слични содржини