Тројно убиство во Србија, си ги убил таткото, дедото и бабата, на полицаецот му рекол дека убиствата ги извршил од сочувство

од Milan1
412 прегледи

А.М.(22) од Књажевац попладнево со ловечка пушка која била во легална сопственост на неговиот дедо М.М.(81) ги убил дедото М.М., бабата С.М.(83) и таткото (60).

Осомничениот не е осуден, ниту пак е евидентиран како сторител на какво било кривично дело.

Како што неофицијално пишуваат српските медиуми, тој на полицаецот му рекол дека убиствата ги извршил од сочувство, наведувајќи дека дедо му бил сенилен, а татко му болен.

Слични содржини