Трудо и даде на владата вонредни овластувања за да ги запре протестите на камионџиите

од Milan1
247 прегледи

Канадскиот премиер Џастин Трудо одлучи да и даде на владата вонредни овластувања за да ги запре протестите на камионџиите и незадоволните граѓани од мерките против коронавирусот.

Канадскиот министер за јавна безбедност Марко Мендичино изјави дека е време полицијата да почне да ги користи своите широки овластувања дадени со канадскиот Закон за вонредни ситуации.

-И дадовме нови овластувања на полицијата и таа сега ни треба да ја заврши работата, рече Мендичино, откако Трудо претходно соопшти дека законот и дозволува на владата да забрани блокади и да ги отстранува камионите, пренесуваат американските медиуми.

Официјалните лица не посочија кога и каде ќе почне пресметката со самопрогласениот „Конвој на слободата” и дека се уште се разработуваат конечните детали за тоа каде ќе бидат забранетите зони.

Со проширените овластувања владата ќе може да забрани блокади на граничните премини, аеродроми и во главниот град Отава, да ги замрзне личните и деловните банкарски сметки на возачите на камиони и да ги суспендира нивните дозволи, јавуваат агенциите.

Можно е да се ангажираат и шлеп служби за отстранување на големите пречки од крстосниците и од населените места. Досега некои шлеп компании за не сакаа да соработуваат затоа што ги поддржуваа колегите или поради страв од насилство.

Од крајот на јануари, демонстрантите со камиони и други возила ги затворија улиците на Отава и го блокираа граничниот премин со САД незадоволни од обврската да ги вакцинираат возачите на камиони, како и од другите ограничувања, но и од премиерот Трудо.

Трудо ја донесе одлуката во услови на зголемена фрустрација од неуспехот на владата и еден ден откако Кралската канадска коњаничка полиција уапси 11 лица на блокираниот граничен премин во Кутс, во покраината Алберта, и им ги заплени залихите на оружје и муниција.

 

Слични содржини