Канадскиот премиер и лидер на Либералната партија Џастин Трудо, вчера ја претстави новата влада.
За нов министер за животна средина го изб ра еколошкиот активист, Стивен Гилбо, долгогодишен велосипедист и поранешен функционер на Гринпис, кој голем дел од својата кариера посвети на прашањата за животната средина.
Мелани Жоли на функцијата министер за надворешни работи, го замени астронаутот Марк Гарно, кој ја напушта владата. Поранешната министерка за снабдување Анита Ананд, задолжена за испорака на вакцината против Ковид-19 во Канада, станува министерка за одбрана. Таа е втората жена што ја извршува оваа функција додека високи функционери се соочуваат со обвиненија за сексуално вознемирување.
На почетокот на октомври Трудо јасно кажа дека приоритетите на неговата влада ќе бидат борбата против Ковид-19, унапредување на помирувањето со домородците и изградба на национална мрежа на центри за згрижување деца.