Канадскиот премиер Џастин Трудо најави дека ќе ги активира ретко користените овластувања за итни случаи за да стави крај на протестите кои ги блокираа граничните премини и парализираа делови од главниот град.
-Блокадите и штетат на нашата економија и ја загрозуваат јавната безбедност. Не можеме и нема да дозволиме продолжување на незаконските и опасни активности, рече Трудо на прес-конференција.
Трудо додаде дека мерките ќе бидат „географски ограничени, насочени само кон оние места каде што е потребна нивна примена” и „временски ограничени”.
Полицијата во неделата ја укина шестдневната блокада на мостот „Амбасадор”, што минува низ главната трговска маршрута до Детроит. Но, во пограничните градови Виндзор, Онтарио и главниот град Отава, протестите влегуваат во својата шеста недела и расте незадоволството меѓу критичарите кои сметаат дека полицискиот пристап е премногу благ кон демонстрантите.
Законот за вонредна состојба ѝ дозволува на федералната влада да примени специјални привремени мерки за да обезбеди безбедност во итни случаи. Законот досега е имплементиран само еднаш, во 1970 година, а спроведе таткото на Трудо, премиерот Пјер Трудо.
Премиерите на Алберта, Квебек, Манитоба и Саскачеван се спротивставија на законот, велејќи дека тој е непотребен.
Примената на законот ќе треба да биде одобрена од канадскиот Парламент, што, исто така, има овластувања да го отповика.