Царовска: Заедно со копманиите создаваме нови кадри изложени на пазарот на труд

Со воведени стипенидии за технички струки и со променета уписна политика, Министерството за образование и наука го поттикнува создавањето стручни профили што се потребни на пазарот на труд.

Од јануари до март 2021. година, МОН ќе биде во дијалог со Стопанската комора и со локални чинители за потребите на реалниот сектор, за да се донесе одлука кои профили во која општина или средно училиште ќе се верификуваат, соопшти министерката Мила Царовска денеска во Стопанската комора.

На панел-дискусијата на тема „Следни чекори – поголема вклученост на приватниот сектор во формалното и неформалното стручно обрaзование и обука, со фокус на практичната обука“, министерката Царовска истакна дека МОН веќе работи на воспоставување нов концепт на средното стручно образование преку создавање три регионални центри за средно стручно образование (ВЕТ-центри).

„Активно работиме на воспоставување на три регионални центри за средно стручно образование и обука во Куманово, Тетово и Охрид. Нашата тенденција ќе биде вакви ВЕТ центри да отвориме во сите региони во државата. ВЕТ центрите кои се воспоставуваат со поддршка на Европската делегација и со инвестиција од МОН и техничка и друг вид поддршка во делот на организација и верификување на профили и опрема, од Швајцарската развојна агенција, треба да почнат да служат како ресурсни центри во регионот не само да верификуваат кадри, туку истите тие профили да имаат влез во компаниите и компаниите да се вклучат во обука “, истакна Царовска.

Царовска потенцира дека сега имаме стручни училишта кои продуцираат кадар што не e потребен на пазарот на труд.

„Од оваа година ја променивме и политиката на стипендирање. Досега државата воопшто не стипендираше средни технички училишта. За прв пат воведовме можност да ги стипендираме учениците од техничките училишта и гледаме дека не се навикнати да аплицираат. Понатаму и уписната политика ќе ја поврземе со стипендирањето и ќе имаме подобри резултати“, посочи министерката.

Царовска исто така, напомена дека на кус рок, компаниите можат самите да доквалификуваат или преквалификуваат работници, преку мерката на Агенцијата за вработување со којашто можат да отворат тренинг центри.

Слични содржини