Добри вести од пазарот на нафта и утрово. Вредноста на барел нафта на лондонскиот пазар е 111 долари, што е намалување за 5% во однос на вчерашниот ден. На американскиот пазар вредноста на барелот е 105 долари, што е исто така пад од околу 4 отсто.
Глобалните цени на нафтата почнаа да паѓаат вчера, откако Кина почна да ја применува мерката за затворање во Шангај, град кој е голем финансиски и производствен центар, поради Ковид-19.
Затворањето на јавниот и економскиот живот во Шангај започна денеска и е најголемо во Кина од почетокот на пандемијата пред повеќе од две години.
Цените на пченицата и пченката утринава се намалуваат. Цената на пченицата од утрово изнесува 1.057 долари за тон, што е намалување за 4 отсто во однос на вчера.
Цената на пченката е 748 долари за тон, што е нешто поблаг пад во однос на вчерашниот ден.