Циркус: Голман уринирал сред натпревар, судијата му даде црвен картон

од Nikola Popovski

Англискиот фудбалски голман Конор Масеко бил актер на сосема необична сцена.

Често може да слушнете за фудбалер кој добил црвен картон и заработил исклучување поради груб старт, но колку пати сте слушнале дека тоа се случило затоа што уринирал на теренот?

Се случува играчите понекогаш да не можат да издржат, па да бидат фатени во непријатна ситуација.

Масеко, играч на деветолигашот Блекфилд Енд Ленгли, уринирал покрај оградата за време на квалификацискиот натпревар за ФА Купот со Шептон.

Судијата во 76. минута му покажал црвен картон, а Масеко се обиде да го искористи моментот кога топката била надвор од игра.

Конор Мекарти, менаџер на Блекфилд и Ленгли, за Би-Би-Си изјави дека никој не очекувал ваква постапка.

„Бев запрепастен, не очекував. Сите бевме прилично шокирани од неговиот потег. Замина после гол-аут покрај грмушките, а нивните играчи почнаа да му викаат на судијата: „Што прави, што прави“. Судијата отиде кај Масеко и реши да го исклучи“, изјави Мекарти, но потоа ја „спушти топката“: „Понекогаш кога треба да се оди, просто треба да отидете“.

Слични содржини