101
Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел изрази задоволство од формата на ѕвездата Нејмар. Бразилецот постигна „хет-трик“ во победата над Црвена Ѕвезда со 6:1 во Лигата на шампиони.
„Гледавме доста видеа со натпревари на Црвена Ѕвезда и знаевме дека тие се бранат многу организирано. Отстрана може да изгледа лесна победа, но нема ништо лесно. Се наоѓаме во добра психолошка состојба, истото важи и за Нејмар. Тој е уверен во себе. Нејмар е речиси на 100 проценти, физички е во совршена состојба“, рече Тухел.
„Го креваме интензитетот со секој изминат натпревар и публиката го виде тоа во овој натпревар. Постигнавме доста голови. Целта е да играме на високи брзини и да ги затвораме добро слободните простори“, додаде тренерот на ПСЖ.