Турбулентен инцидент на летот за Задар: Пијани Британци се степале во авионот

од Илинка Илиоска
264 прегледи

Вчера околу 11.50 часот од задарскиот аеродром во полиција е пријавено дека имало нарушување на јавниот ред и мир во авион на летот за Задар, Хрватска, објавија хрватските медиуми.

По слетувањето на авионот на аеродромот, полициски службеници од поморската и аеродромската полициска станица Задар ги донеле двете лица во полициските простории каде им била укажана лекарска помош и им биле констатирани полесни физички повреди, соопшти Полициската управа Задар.

Алкотестот покажал присуство на алкохол во нивните тела.

Понатамошната истрага на полицијата откри дека за време на летот, лицата вербално се судриле меѓу себе, а потоа и физички се удирале со тупаници, при што двајцата се здобиле со повреди во пределот на лицето и рацете, соопшти задарската полиција

Слични содржини