Турското Министерство за трговија денеска соопшти дека го прекинува извозот на производи од 54 категории во Израел, додека не дојде до прекин на огнот во Појасот Газа.
Ограничувањето на извозот беше објавено откако Израел во понеделникот го отфрли барањето на Турција да се приклучи кон меѓународните напори за транспорт на хуманитарна помош за жителите на Газа, а извозните ограничувања вклучуваат, меѓу другото, производи од железо и челик, градежна опрема и производи и машини, пишуваат турските медиуми.
Турција, која го осуди Израел за неговата офанзива во густо населениот Појас Газа и повика на итен прекин на огнот, испрати десетици илјади тони хуманитарна помош за цивилите во окупираната палестинска енклава од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.