Турција и Германија во спор за ќебапот

од Milan1
49 прегледи

Здружението на ќебапџии во Истанбул неодамна поднесе барање за заштита на турскиот начин на негово подготвување со регулативите на ЕУ, што предизвика бран на огорченост во Германија, која исто така  тврди дека ова е нејзино јадење. Германците, всушност, имаат свој начин на подготовка на донер ќебап, пренесува Тајмс.

Околу една третина од Германците консумираат најмалку еден донер месечно, купен од повеќе од 15.000 киосци за ќебапи низ целата земја, вклучително и 1.600 само во Берлин.

Критичарите го опишаа гастрономското преземање на ќебапите од Турција како прва акција во „глобалната војна за храна“ и „напад врз германскиот културен идентитет“.

Доколку Брисел ја усвои регулативата, тоа ќе ги принуди германските производители на донер ќебапи или целосно да ги ревидираат своите рецепти или да го наречат јадењето поинаку, под закана со парична казна или, барем теоретски, со затвор, пренесува Танјуг.

Оваа недела, на последниот ден пред истекот на рокот за приговори, германските производители на ќебапи побараа од Министерството за храна да интервенира во нивно име.

Турското барање за заштита на ќебапите поднесено до Европската комисија предизвика бес во Германија, а „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ шпекулира дека кампањата во Турција ја започнале десничарски популистички политичари поврзани со претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Слични содржини