Турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер изјави дека Анкара е подготвена да му даде воена поддршка на новото сириско раководство.
– Турција, членка на НАТО, има договори со неколку други земји за воена обука и друга помош, и е подготвена да и понуди и на Сирија доколку тоа биде побарано, рече Ѓулер, пренесува ДПА.
Додека исламистичкото движење Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), кое го предводеше соборувањето на режимот на Башар ал-Асад, се уште се води како терористичка организација во Турција, Анкара одржува силни врски со неговото раководство.
Директорот на турската Националната разузнавачка служба, Ибрахим Калин, во четвртокот го посети Дамаск, а во саботата Турција повторно ја отвори својата амбасада во главниот град на Сирија.
Падот на Ал Асад и бегството во Москва на 8 декември предизвика големо политичко престројување во регионот, со сериозно нарушување руското и иранското, а зголемување на турското влијание во Сирија.