Фидан: Турција ќе се приклучи на тужбата на Јужна Африка против Израел за геноцид

од Milan1
39 прегледи

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска изјави дека Турција ќе се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг во среда.

Фидан ова го изјави на прес-конференција во Каиро, пренесе „Ројтерс“.

Турција во мај објави дека одлучила да се приклучи на случајот што го покрена Јужна Африка бидејќи ги засили мерките против Израел поради неговиот напад врз Газа и дека тоа ќе го стори по неопходните правни подготовки.

Слични содржини